МВР Русија нема да користи штитови со електрошокери додека официјално не станат дел од вооружувањето

„Објавивме понуда за купување 100 такви направи“, изјави раководителот на прес-бирото на Внатрешната војска на МВР Русија

Внатрешната војска на МВР Русија нема да ги користи штитовите со електрошокери, соопшти раководителот на прес-бирото на Внатрешната војска на МВР Русија Василиј Панченков.

Како што претходно пишуваше весникот „Известија“, штитот е наменет за заштита и противдејство. Штитот е стандарден, додека шокерот ги испушта електричните импулси преку лентата која се наоѓа на надворешната страна на штитот. Шокерот испушта напон од 120 илјади волти – по една секунда од електричниот удар, на човек ќе му требаат 20 минути да си дојде при себе. Цената на еден штит изнесува околу 30 илјади рубли.  

Панченков изјави дека уредите ќе треба да ја поминат стандардната проверка, по што ќе биде донесена одлука за нивна употреба.

Според него, овие штитови не претставуваат средство за смртоностно дејствување. „Тоа е симбиоза на две заштитни средства кои претходно ги користеше Внатрешната војска – противударниот штит и уредот за електрошок „АИР 107“ кој е наменет за активно дејство против прекршителите. Фирмата-производител ги обедини во една направа“, истакна Панченков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња