Заедничките маневри на земјите-членки на НАТО и Вооружените сили на Украина кои почнаа на 20 јули во Лавовската област под команда на САД, очигледно покажуваат дека Северноатлантската алијанса е решена да продолжи со провокациите и дека продолжува да пружа безрезервна поддршка на политиката на сегашните киевски власти на југоистокот на Украина, поради што секојденвно гинат цивили, се наведува во соопштението на МНР РФ, а пренесува порталот „Взгљад“.
Министерството истакнува дека НАТО не само што не е подготвен да признае дека одржувањето вакви вежби е погрешно и дека може да предизвика опасни последици, туку во однос на минатата година значително го зголеми обемот на маневри и бројот на војници што учествуваат во нив.
„Ваквите потези, кои го подгреваат реваншистичкото расположение на киевската „воена дружина“ би можеле да го доведат во прашање напредокот што беше постигнат во мирното решавање на длабоката внатрешна криза во Украина“, истакнува министрството.
Во Лавовската област во Украина во понеделникот, 20 јули, почнаа маневрите на НАТО Saber Guardian/Rapid Trident 2015, во кои учествуваат војници од 18 земји.
Маневрите ќе траат до 31 јули.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче