Министерство за одбрана на РФ: Русија адекватно ќе одговори на модернизацијата на Воената морнарица на САД

САД до 2020 година ќе модернизираат околу 50 бојни бродови за употреба на противракетни системи, но Русија ќе најде начин адекватно да одговори на тоа, изјави началникот на 4 Централен научно-истражувачки институт на Министерството за одбрана РФ полковник Олег Пишни.

„До 2020 година очекуваме дека за потребите на ПВО ќе бидат модернизирани околу 48-49 бродови“, изјави Пишни. Според него, бројот на противракетните системи до 2020 година ќе надмине 200 единици.

„Колку нѐ загрозува тоа? Се разбира дека тоа е закана и за Воената морнарица, но и за Ракетните сили“, истакна полковникот, додавајќи дека Русија ќе најде начин како да одговори на оваа закана. „Ќе преземеме соодветни технички мерки против оваа закана. Сигурни сме дека постои адекватен одговор“, заклучи Пишни.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу претходно изјави дека Воената морнарица на РФ до крајот на 2015 година ќе добие осум бродови, меѓу кои и фрегатата „Адмирал Горшков”, како и две подморници. Претходно командантот на Воената морнарица на Русија Виктор Чирков соопшти дека Русија до 2020 година ќе произведе нова серија од шест патролни бродови за Црноморската флота, како и два патролни брода за Арктикот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња