Индиската компанија Pipavav Defence & Offshore Engineering Co Ltd (PDOC) и Центар за ремонт на бродови „Звездочка“ потпишаа договор за формирање заедничко претпријатие за ремонт на подморници од проектот 877ЕКМ во Индија. Ова во вторникот го соопшти агенцијата IANS повикувајќи се на изјава на индиската компанија.
Уделот на рускиот и индискиот партнер во заедничкото претпријатие изнесува 49%, односно 51%.
„Првпат во Индија ремонтот на подморници се гледа како дејност за компании од приватниот сектор. Искуството што ќе го добие PDOC, понатаму ќе ѝ одговара на компанијата при реализацијата на големиот обем на работа врз подморници од таа класа, а кои им припаѓаат на земји како Алжир, Виетнам и Иран со потенцијална дополнителна добивка од околу 3,4 милијарди долари“, се вели во изјавата на компанијата.
Согласни условите на договорот, „Звездочка“ ќе обезбеди потполна техничка поддршка за заедничкото претпријатие, вклучувајќи опремување на инфраструктурата на објектите на PDOC, обука на инженери итн. Притоа ремонтот на првата подморница ќе биде направен во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче