Банката за развој на БРИКС почна со работа во најголемиот кинески град Шангај во вторникот, соопшти агенцијата „Ксинхуа“.
Првото заседание на управниот одбор на Новата развојна банка, формирана од БРИКС во јули 2014 година, се одржа во Уфа. За прв претседател на банката беше назначен претставник од Индија, додека седиштето на организацијата ќе се наоѓа во Кина. Обемот на основачкиот капитал изнесува 10 милијарди долари (секоја земја ќе вложи по 2 милијарди долари), а подоцна, во случај на потреба, може да биде зголемен за 40 милијарди долари. Максималниот износ на капитал изнесува 100 милијарди долари.
Главна задача на банката е финансирање на инфраструктурни проекти во земјите од БРИКС и земјите во развој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче