Медиуми: Путин наложи да се изработат инвестициски олеснувања за бизнисот

За Министерството на финансии оваа идеја е изненадување и се залага против неа, затоа што смета дека ќе биде штетна за буџетот.

Претседателот на РФ Владимир Путин по Петербуршкиот економски форум ѝ наложи на владата до 1 октомври да го изработи прашањето за даночно олеснување за индустриските претпријатија според износот на капитални вложувања во модернизација, пишува во понеделникот весникот „Ведомости“ повикувајќи се на листата на задачи за владата.

Веќе од 2016 правото да даваат олеснувања може да им се даде на регионите, а потоа може да стане и федерално – наложено е во случај на потреба да се направат амандмани во Даночниот законик.

Предлогот за олеснување е изненадување за Министерството за финансзатоа што федералниот буџет ќе биде во двојна загуба: олеснувањето автоматски ќе ја намали федералната база на данокот на добивка, а потоа ќе мора да се покриваат загубите на регионите од олеснувањето.

Загубата ќе мора најверојатно да биде компензирана со зголемување на другите даноци, велат од Министерството за екеономски развој, иако и претседателот Путин вети мораториум.

Инвестициските олеснувања беа на сила во 1990-те години, а во 2002 година беа укинати. Тогаш владата го правдаше укинувањето со тоа што беше намалена даночната стапка на добивка – од 35% на 24%, а потоа и на 20%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња