Военото воздухопловство на Индија понудила да купи од Русија уште 48 хеликоптери Ми-17 за сума од 1,1, милијарди долари, соопшти во понеделникот локалното издание на „Economic Times” .
Овој предлог му противречи на концептот „Направено во Индија“ што го спроведува владата на земјата, но набавката може да биде неопходното пополнување на воздушно-транспортната флота на земјата.
Според информациите на изданието, Индија планира да нарача 48 хеликоптери Ми-17В-5. Се планира новите хеликоптери да бидат користени за летање во различни средини – како во пустински, така и во планински.
Индија е еден од најголемите увозници на руски хеликоптери и друга техника – само во последните пет години Русија испорача во Индија 121 хеикоптер Ми-17В-5. Индија сега има над 300 хеликоптери Ми-8 и Ми-17.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче