Медиуми: Америка испраќа во Бугарија маринци за одвраќање на Русија

САД во рамките на шестмесечната ротација на вооружените сили во Бугарија ќе испратат околу 1750 маринци.

САД во рамките на шестмесечната ротација на вооружените сили во Бугарија ќе испратат околу 1750 маринци, вклучувајќи нов контингент кој би требало да создаде нова формација која својата активност ќе ја реаилизира во рамките на програмата за одвраќање на Русија.   150 маринци ќе бидат првите кои ќе стигнат на полигонот „Ново Село“ во Бугарија.

Новите вооружени сили имаат за задача да ги смират европските сојузници кои се плашат од наводна агресија од страна на Русија. Тие исто така можат да „реагираат на кризи во Европа и Африка“, меѓутоа не е прецизирано за кои кризи станува збор и на кој начин тие сили треба да реагираат.  

Познато е дека работата на оваа формација ќе биде врзана за црноморските вооружени сили стационирани во Романија.

Планирани се вкупно три вакви шесмесечни ротации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња