Аналитичар: Вашингтон си направи проблем со притисокот врз Русија

Според мислењето на аналитичарот Патрик Бјукенен, „клинот“ меѓу САД и двете суперсили – Русија и Кина – станува голем проблем за Вашингтон

Обидите да се изолира Русија од западните земји во врска со украинската криза ја принудија РФ да создае потесни врски со Кина, и таа тенденција стана алармантна за САД,  смета американскиот публицист Патрик Бјукенен.ишува „Want China Times“ повикувајќи се на „Duowei News.“

Според мислењето на аналитичарот, „клинот“ меѓу  САД и двете суперсили станува голем проблем за Вашингтон.

Кина ќе стане голема суперсила во 21 век и САД не треба да се обидуваат да го запрат тоа. Истовремено САД треба да развиваат пријателски односи со Русија, истакнува публицистот. Според него, САД го „принудија“ претседателот на Русија Владимир Путин на сојуз со Кина како резултат од наметнувањето на санкциите и воениот притисок врз РФ. Сепак сега Вашингтон задолжително ќе ја користи секоја можност за да „забие клин“ меѓу лидерот на Кина Си Ѓинпин и рускиот претседател.

Сепак Владимир Путин во моментов се труди  да изгради дипломатски односи со Кина, но и прави напори да ги нормализира односите со САД – така, на 4 јули тој му заѕвони на американскио претседател Барак Обама, повикувајќи го на дијалог меѓу двете земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња