Јапонија се наоѓа на заклучната етапа од договарањето на посетата на министерот за надворешни работи Фумио Кишида на РФ кон крајот на август. Како што соопшти деловниот весник „Никеи“, заедно со министерот ќе пристигне и делегација од претставници на индустриски претпријатија.
„Шефот на МНР кишида во текот на посетата ќе се сретне со министерот за надворешни работи на РФ Сергееј Лавров, како и со првиот вицепремиер на РФ Игор Шувалов“, пишува изданието. „Главна цел на посетата која, како што се очекува, ќе се реализира на 30 и 31 август, ќе биде разгледувањето на прашањето за Јужните Курили, како и организацијата на посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Јапонија до крајот на тековната година“.
„Заедно со шефот на МНР на Јапонија на Русија исто така ќе отпатува и делегација од индустријалци. Во моментов јапонската влада го разгледува ова прашање со претставници на енергетската гранка, медицинската, како и од земјоделската гранка. Вкупно, како што се очекува, во делегацијата да влезат претставници на 10 различни компании“, истакнува „Никеи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче