Владата на Русија наложи да се објават податоците од базата на слободни работни места во државните институции

Владата им наложи на субјектите на РФ да обезбедат пополнување на базата и одржување на актуелната состојба на информациите за постојните слободните работни места во државните институции.

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев го обврза „Роструд“ (Федерална служба за труд и вработеност) да ги направи јавни податоците од „Серуската база на слободни работни места „Работа во Русија“, беше објавено на сајтот на владата во саботата.

Во периодот до 30 ноември 2015 года „Роструд при пуштањето во работа на информативно-аналитичкиот систем „Серуска база на слободни работни места „Работа во Русија“ да обезбеди технолошка можност за објавување на информации во формат на јавни податоци“, се истакнува во документот.

Владата им наложува на субјектите на РФ да обезбедат пополнување на базата и одржување на актуелната состојба на информациите за постојните слободните работни места и слободни позиции во државните претпријатија и институции.

Невработеноста во Русија во моментов изнесува околу 6%.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња