„Тајмс“: Американците над 20 години го следат Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин станал интересен за американското разузнавање долго време пред да застане на чело на државата, тврди весникот „Тајмс“.

Претседателот на Русија Владимир Путин станал интересен за американското разузнавање долго време пред да застане на чело на државата, тврди весникот „Тајмс“. Според информациите на изданието, следењето на Путин започнало уште на почетокот на 1990-те, кога тој беше заменик на градоначалникот на Санкт Петербург. Весникот се повикува на свои извори, без да ги наведува.

Без оглед на непрестајното внимание на тајните служби, САД до ден-денес не ја знаат финансиската состојба на рускиот претседател, а исто така, не знаат „каде би можело да се крие“. Тоа, како што објаснуваат соговорниците на весникот, е поврзано со фактот што Белата куќа долго време имала за приоритет „поважни задачи“, на пример, воспоставување на односи со Русија.

Владимир Путин стана претседател на Русија во 2000 година. Тој беше на таа функција до 2008 година и повторно се врати на местото шеф на државата во 2012, менувајќи го на тој начин Дмитриј Медведев кој во моментов е премиер.

Од 1998 до 1999 година Путин беше директор на ФСБ на Русија. Пред тоа тој работеше во администрацијата на претседателот на Русија, а на почетокот на 1990-те беше заменик на градоначалникот на Санкт Петербург Анатолиј Собчак. Според официјалната биографија на Путин, тој претходно служел во Дрезден во разузнавањето на КГБ, од каде се вратил во СССР во 1990 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.