САД се заканија дека ќе го зголемат притисокот врз Русија

Според зборовите на помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд, тоа ќе се случи во случај на ескалација на конфликтот во Донбас.

САД се подготвени да го зголемат притисокот врз Русија во случај на ескалација на конфликтот во Донбас, изјави помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд во емисијата на украинскиот новинар Савик Шустер “Шустер Live“ во петокот.

„Ние дадовме до знаење дека санкциите остануваат на сила сѐ додека Минската спогодба не биде во целост исполнета... Исто така дадовме до знаење дека во случај на ескалација на насилството, ние сме подготвени да го засилиме притисокот врз Русија“, изјави Нуланд.

Помошикот-државен секретар потсети дека САД ѝ даваат на Украина воена помош. На пример, Америка ѝ дала на Украина околу 150 милиони долари во рамките на таа помош и обука на војниците.

„Се надеваме дека притисокот што го вршиме и растечкиот потенцијал ќе ја натераат Русија и силите што ги раководи во Донецк и Луганск да ги исполнат обврските што ги презедоа. Во спротивен случај цената за нив ќе порасне“, рече Нуланд.  

На прашањето а новинарот дали ќе порасне цената на економски и воен план, Нуланд одговори: „Не исклучуваме никакви можности“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.