Коментирајќи го назначувањето на рускиот опозициски политичар Марија Гајдар, губернаторот на Одеската област Михаил Саакашвили истакна дека е подготвен со секој кој го поткопува влијанието на претседателот на Русија.
„Јас прв му дадов вооружен отпор на Путин, за што тој до ден-денес јавно ми се заканува дека ќе ме убие. Со мене никогаш нема да може да работи човек, дури ни со алузија на двосмислена позиција во врска со територијалниот интегритет на Украина. Напротив, сѐ што го поткопува Путин, сѐ е во полза на Украина и ја доближува нашата победа“, напиша поранешниот претседател на Грузија на украински и руски јазик на својот Фејсбук-профил.
Притоа Саакашвили не наведува никакви примери за такви изјави од страна на Владимир Путин.
Во петокот украинските медиуми соопштија дека сегашниот губернатор на Одеската област Михаил Саакашвили решил да ја назначи на должноста свој заменик Марија Гајдар, руски опозициски политичар, која ќе биде одговорна за социјалната сфера во неговата администрација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче