МНР РФ: Иницијаторите на трибуналот за „Боингот“ сакаат да ја наметнат вината врз Русија и доброволците

„Сметаме дека е суштински важно сега да се заврши истрагата и да се обезбеди притоа целосен, независен, транспарентен и меѓународен карактер“, истакна заменикот-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов

Идејата за создавање меѓународен трибунал за истражување на падот на малезискиот „Боинг“ има политизиран карактер, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Генадиј Гатилов за телевизијата „РЕН ТВ“.

„Таква практика немало. Ние веќе кажавме дека во сите претходни слични ситуации не се формирале меѓународни трибунали. Ние поаѓаме од тоа дека сега е важно да се фокусираме на исполнувањето на соодветната Резолуција 2166 на Советот за безбедност“.

„Резолуцијата предвидува учество на генералниот секретар во оваа работа. Нему му е наложено да дава сестрана помош во спроведувањето на истрагата и да го информира Советот за безбедност на ООН за можните варијанти на таквата помош. Она што ние го сметаме е суштински важно сега да се заврши истрагата и да се обезбеди притоа целосен, независен, транспарентен и меѓународен карактер“.

„Дури потоа може да стане збор за оптималните опции за судска разврска во однос на оние кои ќе бидат наведени како одговорни за тоа злосторство“, потенцираше заменик-министерот.

Москва ја смета иницијативата за трибуналот за контрапродуктивна. „Може да се разговара за дефинирањето на такво тело дури откако во целост ќе биде завршена истрагата. Ситуацијата изгледа политизирано. Судејќи според изјавите кои беа дадени пред почетокот на истрагата, има обиди за наметнување на вината врз доброволците и Русија“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња