Кремљ: Лидерите на „Нормандиската четворка“ дискутираа за ситуацијата во Украина

Акцентирaна е неопходноста од стриктно и сеопфатно почитување на Минската спогодба со цел деескалација на конфликтот.

Лидерите на „Нормандиската четворка“ дискутираа телефонски на иницијатива на германската страна за развојот на ситуацијата на југоистокот на Украина во контекст на реализацијата на  Минската спогодба од 12 февруари 2015 года. Акцентирана е неопходноста од нејзино стриктно и сеопфатно почитување со цел деескалација на конфликтот, соопшти прес-службата на Кремљ.

Во разговорот учествуваа претседателот на Русија Владимир Путин, канеларката на Германија  Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и претседателот на Украина Петро Порошенко.

„Владимир Путин уште еднаш потенцираше дека најважен услов за решавање е воспоставувањето директен дијалог на киевските власти со претставниците на Донецк и Луганск, вклучително во рамките на контакт-групата“, се потенцира во соопштението.

„Особено внимание беше посветено на прашањата за спроведувањето на уставната реформа во Украина и организацијата на локалните избори во Донбас, како и на социјално-економската обнова на Донецката и Луганската област, за што сериозна пречка, како што истакна претседателот на Русија, претставува фактичката блокада на овие региони“, се вели во соопштението.

Била начната и проблематиката за испорака на рускиот природен гас во Украина.

Во текот на разговорот Владимир Путин топло ѝ го честиташе роденденот на Ангела Меркел.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.