Владата на Русија одобри да ѝ се даде на Белорусија кредит во рубли еквивалентен на 760 милиони долари. Оваа одлука беше објавена денеска на интернет-порталот за правни информации на владата на Русија. Издвоените средства ќе се користат за услуги и сервисирање на кредити кои претходно ѝ беа доделени на Белорусија од страна на Русија и Евроазискиот фонд за стабилизација и развој.
Износот на заемот во рубли ќе биде определен според курсот на Банката на Русија на денот на потпишување на договорот од двете страни. Се претпоставува дека Белорусија ќе го врати заемот на тринаесет еднакви полугодишни рати на 15 февруари и 15 август секоја година. Првата исплата треба да се случи на 15 февруари 2019 година, а последната – во 2025 година.
Барањето за добивање кредит од 3 милијарди долари за рефинансирање на тековниот долг владата на Белорусија го достави до Москва на 9 јули.
Овој кредит не е првиот што ѝ е даден на Белорусија годинава: во април Русија му даде на својот сосед заем од 110 милиони долари. Овие пари беа потрошени за сервисирање на каматата за друг руски кредит даден во 2010 година.
Минатата година сумата на руските заеми за Белорусија изнесуваше околу 2 милијарди долари. Руската влада исто така му наложи на Министерството за финансии да му даде на Минск 10 милиони долари за изградба на атомска централа. Оваа година Белорусија планира да исплати над 4 милијарди долари надворешни обврски. Земјата вкупно им должи околу 40 милијарди долари на кредиторите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче