Воени претставници на Русија и Кина потпишаа протокол за одржување на заедничките маневри „Поморска соработка 2015 (II)“, соопшти во петокот началникот на одделението за информациска безбедност на прес-службата на Источниот воен округ Роман Мартов.
„Првпат во рамките на маневрите на полигонот на морнаричката пешадија Клерк ќе се одржи заеднички поморски десант со примена на десантни бродови и морнаричка авијација на двете земји“, изјави тој.
Маневри ќе се одржат кон крајот на 2015 година во Јапонското море и на брегот на Приморскиот крај. Во нив ќе бидат искористени околу 20 борбени и помошни бродови од различна класа, како и авиони и хеликоптери на морнаричката авијација.
Активната фаза на првиот дел на поморските маневри на Русија и Кина „Поморска соработка - 2015“ беше одржана од 17 до 21 мај. Беа тоа првите поморски маневри на Русија и Кина, одржани во Средоземното море.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче