Одлуката на Киев да престане да купува руски гас и да го складира енергентот во подземните резервоари може да биде обид за заострување на ситуацијата, соопшти министерот за енергетика на РФ Александар Новак.
„Тоа што тие сега не го купуваат и не го складираат гасот, тоа не е прашање од економски карактер и не се однесува на цената. Тоа е прашање или на недостиг на пари или на намера за заострување на ситуацијата“, изјави Новак.
Тој истакна дека сега се создадени сите услови „Нафтогас на Украина“ да купи руски гас и да ги наполни подземните резервоари.
„Нафтогас“ соопшти дека од 1 јули запира со купување на гас од „Гаспром“ додека условите за испорака не бидат усогласени.
Коментирајќи го потегот на Киев, Новак изјави дека одлуката е политичка и дека нема основа за истата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче