МНР Украина го прогласи в.д. генерален конзул на Русија во Одеса за персона нон грата

Службата за безбедност на Украина му врачи нота со барање за итно напуштање на територијата на Украина на вршителот на должноста генерален конзул на Русија, обвинувајќи го за прекршување на одредбите од Виенската конвенција за конзуларни односи.

Министерството за надворешни работи на Украина го прогласи за персона нон грата вршителот на должноста генерален конзул на Русија во Одеса. Одлуката била донесена врз основа на материјалите Службата за безбедност на Украина, пишува на сајтот на организацијата.

Според информациите на СБУ, МНР Украина му врачило на рускиот дипломат нота со барање итно да ја напушти територијата на земјата.

Претседателот на СБУ Василј Грицак објасни дека генералниот конзул бил прогласен за персона нон грата „поради некомпатибилноста на неговата активност со дипломатската“, како и за прекршување на одредбите од Виенската конвенција за конзуларни  односи.

СБУ тврд дека рускиот дипломат веќе ја напуштил Украина. Притоа името на вршителот на должноста генерален конзул не е наведено. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња