Министерство за одбрана на РФ: Новата верзија на Ту-160 ќе може да лета илјада километри повеќе

Далечината на летот на новата верзија на стратешкиот бомбардер Ту-160 ќе се зголеми за најмалку илјада километри благодарение на обновената верзија на моторот НК-32. Ова го соопшти заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов.

„Се планира инсталирање на новиот НК-32 на Ту-160 во нов облик. Овој мотор помина модернизација: основните блокови, единиците станаа поекономични, моторот во целина има подобри ресурсни можности, а за сметка на работите кои овозможија да се подобрат неговите економски показатели, во целина далечината на летот на авионот ќе биде најмалку за илјада километри поголема во споредба со постојната“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на Борисов кој зборуваше во текот на посетата на самарската фабрика „Кузнецов“ на Обединетата корпорација за производство на мотори.

Според неговите зборови, ваков ресурс им е потребен на руските Воено-воздушни сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.