Сите производители кои беа проверени од руската комисија, а кај кои претходно беа најдени недостатоци, истите ги исправија и ја информираа за тоа Производствено-ветеринарната служба (ПВС) на републиката.
Според оценките на претставникот на ветеринарната служба Андрис Вајдерс, испораките ќе се обноват во текот на месецот, меѓутоа процесот може да трае подолго време. Во текот на два месеци ПВС ќе подготви коментари и опис на внесените измени, по што ќе ги испрати во „Роселхознадзор“ кој за тоа ќе донесе конечна одлука.
„Мислам дека рускиот пазар ќе се отвори и се надевам дека тука нема да има никакви проблеми. Беа доставени барања кои заедно со ветеринарната служба ги исполнивме“, исто така истакна членот на претпријатието за преработка на риба „Licis-93“ Игор Кушнерчук.
Забраната од „Роселхознадзор“ за увоз во Русија на рибни продукти од Летонија и Естонија почна да важи на 4 јуни оваа година. Како причини беа наведени присуството на штетни материи во производите, како и невозможноста да се проследи производството или до конкретен брод или претпријатие-производител на суровините.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче