ЕУ изрази „крајна зачуденост“ во врска со информацијата дека визите за Русите за Европа можат да бидат поништени поради посета на Крим, истакнувајќи дека таквата варијанта е „апсолутно исклучена“, соопшти „Комерсант“ повикувајќи се на високопозиционирани извори во структурите на ЕУ.
Изјавата дека граѓаните на РФ кои го посетиле Крим ќе останат без шенгенски визи ја даде поранешниот министер за одмор и туризам на Крим Александар Лиев, кој сега ја врши функцијата советник на министерот за аграрна политика и производство на Украина.
Украинскиот функционер истакна дека властите на земјата имаат намера да им доставуваат на дипломатските претставништва на земјите од ЕУ списоци со „прекршители на границата“ за анулирање на визите.
Меѓутоа, како што истакна изворот во ЕУ, „Европа нема да брои кој дошол и долетал на Крим и на кој било начин да го ограничува неговото право на влез во земјите на шенгенската зона“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче