Според зборовите на Јацењук кажани на седницата на Врховната рада, „проблемот на хибридната војна, започната од Русија, ја вознемирува Европската унија и целиот цивилизиран свет“.
„Освен воената инвазија врз Украина, постои уште една инвазија и уште едно оружје – информациското. Пропагандата во стилот на Гебелс сега е едно од основните типови оружје што го шири Руската Федерација на територијата на целиот свет“, изјави тој, пренесува „УНИАН“.
„Со нашите британски партнери го менуваме системот за комуникација, како во Украина, така и во странство. Спротивставувањето на руската информациска агресија е она со кое ќе се занимаваме со нашите британски партнери. Ние треба да ја зборуваме вистината и да ја покажуваме таа вистина на сите светски канали“, истакна Јацењук.
Тој во средата вечерта во Кралскиот институт за меѓународни односи ја обвини Русија за пропаганда во стилот на Гебелс и апелираше западните земји да се борат против неа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче