„Алмаз-Антеј“ соопшти за нови докази за невмешаноста на доброволците во падот на „Боингот“

Концернот „Алмаз-Антеј“ доби нови информации за падот на авионот „Боинг“ во Украина кои ја потврдуваат неодржливоста на верзијата за истрелувањето на ракета од територијата на доброволците.

Kонцернот за проектирање и производство на оружје во сферата на ПВО и ПРО „Алмаз-Антеј” има нови докази за падот на авионот „Боинг“ во Украина кои ја негираат верзијата за лансирање на ракета од територијата која е под контрола на доброволците. Како што се наведува, „Алмаз-Антеј” продолжува да ги истражува можните причини за авионската несреќа.

„Новите резултати од истрагата што ја спроведоа стручњаците на концернот уште еднаш потврдија дека верзијата според која е лансирана ракета од реонот на градот Снежноe не одговара на реалноста. Оваа верзија не држи вода, затоа што ударот на ракетата не е во склад со оштетувањата на трупот на малезискиот „Боинг“ и е во спротивност со програмските функции на далечинскиот детонатор и карактеристиките на местото каде експлодирала боевата глава на проектилот“, се наведува во соопштението на концернот.

„Сигурни сме дека резултатите на експериментот уште еднаш ќе ја потврдат точноста на нашите заклучоци до кои дојдоа нашите стручњаци во текот на истрагата и дека конечно ќе ги снема сите прашања за типот на ракетата и за координатите на локацијата од каде таа била лансирана“, изјави генералниот директор на „Алмаз-Антеј” Јан Новиков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.