Комедијата „Операција „Ы“ и другите авантури на Шурик“ на режисерот Леонид Гајдај и други филмови ќе бидат прикажани во летното кино за бездомни граѓани кое ќе се отвори во Москва, во близина на метрото „Красноселскаја“, на пунктот за итна социјална помош на бездомните граѓани, а со поддршка од градските власти, изјави во четвртокот организаторите на проектот.
Координаторот на едното од движењата за помош на бездомниците Наталија Маркова изјави дека претходно таму била реализирана пробна проекција – бездомниците го гледале францускиот филм „1+1“.
“Тие (бездомните граѓани) на пробната проекција гласаа за комедијата „Авантурите на Шурик“. Тие често гледале такви филмови, најверојатно, во периодот на својата безгрижна младост или детство, кога сѐ било добро“, смета Маркова.
Проекциите во киното, според зборовите на Маркова, ќе се одржуваат еднаш месечно, в недела. Пред почетокот на филмот гостите ќе бидат послужени со топло јадење и чај и ќе им биде поделена вода за пиење. Гостите на настанот исто така ќе можат „да дискутираат за насушните работи“ со претставници на службата „Социјална патрола“ и со волонтерите, истакнуваат организаторите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче