Најголем влог за постигнувањето на сеопфатниот договор за решавањето на иранската нуклеарна програма внесоа преговарачите од САД, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
„Ќе истакнам, без преувеличување, дека главниот, решавачкиот, неспорниот придонес за постигнувањето на договорот го дадоа преговарачите од САД. Тоа е навистина неспорен факт – без посветеноста на САД кон резултат, барање на заемно прифатливи решенија, компромиси, оваа работа немаше да се случи“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Тој исто така истакна дека Русија на најактивен начин придонесе за формирање на согласноста „како преку внесување на конкретни технолошки решенија, така и преку финализирање на сложени политички прашања“.
Министерот додаде дека земјите-домаќини на преговорите – Австрија, Швајцарија и Казахстан – одиграа исто така многу сериозна улога и „помогнаа за создавање определени услови за сѐ да заврши така како што заврши“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче