Кустурица го нарече откажувањето на својот концерт во Киев „пропаганда"

Киевските власти се прикажуваат за демократи, но ги угнетуваат оние кои мислат поинаку, изјави српскиот режисер Емир Кустурица.

Српскиот режисер Емир Кустурица изјави дека не е изненаден од откажувањето на неговиот концерт во Киев и ја нарече одлуката на украинските власти „уште еден израз на пропаганда“ од страна на Киев.

Претходно беше соопштено дека концертот во кој требаше да учествува Кустурица, а кој беше планиран за 28 јули во Киев во чест на илјадагодишнината од смртта на кнезот Владимир, е откажан.   

„Вакво нешто немаше ниту кај нацистите. Оваа одлука е уште еден израз на пропаганда на киевските власти. Не сум изненаден. Тие се позиционираат себеси како демократи, но ги угнетуваат сите кои мислат поинаку. Како и да е, тоа нема да ми пречи да снимам филмови за Украина“, изјави Кустурица во интервју за „Русија 24“.  

Претходно министерството за култура на Украина се обрати до своите колеги од внатрешни работи со барање да се забрани настапот на Кустурица поради можни нереди заради „многупати искажаната јавна поддршка од страна на режисерот за окупациската политика на Руската Федерација во однос на Украина и анексијата на Крим“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња