Кримскиот фудбалски сојуз официјално регистриран

Основачи на сојузот станаа регионалните општествени организации „Републичка Федерација на фудбалот на Крим“ и „Федерацијата на фудбалот на Севастопол“.

Кримскиот фудбалски сојуз (КФС) доби специјален статус со помош на Сојузот на европските фудбалски асоцијации  (УЕФА), соопшти прес-службата на КФС на 16 јули.

„Статутот на КФС официјално е регистриран, за што е добиена соодветна потврда. Во дадениов момент веќе се врши активна работа за формирање на структурите на организацијата: се создаваат комитети и комисии,  се врши усогласување на распоредот на следното првенство на премиер-лигата на КФС, се подготвува календарот на претстојните натпреварувања“, го цитира прес-службата претседателот на КФС Јуриј Ветоха.

Основачи на сојузот станаа регионалните општествени организации „Републичка Федерација на футбалот на Крим“ и „Федерацита на фудбал на Севастопол“. Негова основна цел е помош при развојот и популаризацијата на фудбалот на полуостровот. Во претстојниот шампионат на КФС кој ќе започне во август, учество ќе земат осум екипи кои ги претставуваат Симферопол, Севастопол, Јалт, Бахчисарај, Евпаторија, Феодосија, Армјанск и Керч.

„КФС си постави пред себе големи задачи за развој на професионалниот фудбал на Крим и ќе вложи максимум напори за да ги исполни. И, се разбира, ни се надеваме на поддршката на нашите кримски фудбалски навивачи и веруваме дека многу скоро празникот на големиот фудбал ќе дојде на полуостровот“, додаде Ветоха.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња