Телефонскиот разговор на претседателите на Русија и САД се одржа по иницијатива на американската страна, беше конструктивен и полезен од гледиште на демонстрацијата на подготвеност за решавање на спорните прашања по пат на дијалог, соопшти претседателот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Разговорот беше по иницијатива на американската страна. Конструктивен разговор, таквите разговори, несомнено, не ги решаваат, се разбира, спорните моменти и не можат да ги решат, но, сепак, тие во крајна мера се сосема корисни од гледна точка на демонстрација на подготвеноста за решавање на спорните моменти по пат на дијалог, што, се разбира, предизвикува задоволство“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.
Песков соопшти дека во текот на разговорот на двајцата претседатели за прашањето за ПРО не било дискутирано.
„Не, за прашањето за ПРО не се дискутираше. За Иран – да, се дискутираше, се дискутираше на темата воопшто за соработка во решавањето на иранската нуклеарна програма, но конкретно темата за ПРО не се дискутираше. Но за прашањето за ПРО тука ситуацијата е доволно очигледна“, изјави Песков.
Одговарајќи на прашањето дали тоа значи дека „дијалогот за ПРО фактички прекинува и Русија ќе преземе мерки на одговор“, Песков одговори: „Не, не значи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче