„Си-Ен-Би-Си“: Поддржувајќи ја Грција, Русија ќе стане значаен играч во Европа

Поддржувајќи ја Грција, Русија може да си обезбеди големо влијание во Европа, кое Западот се обидува да го ограничи со помош на санкциите, пишува „Си-Ен-Би-Си“, пренесува РИА Новости.

„Доколку Грција прими помош од Русија, Владимир Путин може да заземе уште повлијателно место на „европската маса“ и да го прошири своето влијание за време на санкциите кои имаа за цел да го ограничат“, пишува американското издание.

Аналитичарите прогнозираат дека е можно излегување на Грција од еврозоната доколку оваа земја не ги исполни условите од новиот договор  и не плати на време. Според нивните зборови, таквиот развој на настаните „може да ја промени политичката ситуација во Европа“. Како што сметаат тие, во тој случај на Грција ќе ѝ биде потребен „алтернативен извор на средства“, а можно е земјата која ќе ѝ пружи таков вид на поддршка да биде токму Русија.

Во статијата се наведува дека блиските политички односи меѓу двете земји се неминовни доколку Грција прифати помош од Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.