Путин вети дека со нови ИТ-достигнувања ќе ја „израдува“ странската конкуренција

Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека ќе ја израдува странската конкуренција со нови IT-достигнувања од областа на одбраната и безбедноста.

Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека ќе ја израдува странската конкуренција со нови IT-достигнувања од областа на одбраната и безбедноста. „Кои било откритија и достигнувања во воената индустрија за одбраната и безбедноста, порано или подоцна ќе бидат во функција на цивилната индустрија. Со интернетот така почна“, изјави Путин. „Ние ќе ги израдуваме нашите партнери и конкуренти со најновите достигнувања на полето на одбраната и безбедноста. И тоа што ќе го претставиме, затоа што вечно не ги чуваме тајните, во секој случај ќе се користи во цивилната индустрија“, истакна рускиот лидер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња