Обама ја призна улогата на Русија во договорот со Иран

Русиjа одигра голема улога во постигнувањето договор за нуклеарната програма на Иран, изјави претседателот на САД Барак Обама во интервјуто за „Њујорк Тајмс“.

Освен тоа, шефот на државата раскажа дека бил воодушевен од телефонскиот повик на рускиот лидер Владимир Путин по повод Сирија.

„Русија даде опиплива помош. Ние немаше да дојдеме до договор да не беше подготвеноста на Москва да нѐ поддржи нас и останите членови на „шесторката“ во постигнувањето договор“, изјави Обама. Истовремено тој истакна дека позицијата на РФ во услови на разногласие по повод кризата во Украина предизвикала кај него загриженост.

Исто така, Обама раскажа дека „пред едно две недели Путин иницираше телефонски разговор во однос на ситуацијата во Сирија“. „Мислам дека руските власти сфатија дека режимот на сирискиот претседател Башар Асад ја губи силата поради континуираната поделба на територијата на земјата и дека опасноста од преврат станува сѐ поочевидна“, претпоставува американскиот лидер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.