Пратениците на Државната дума предлагаат укинување на контрасанкциите против Грција, затоа што земјоделските производи од таа земја не можат да се произведуваат во Русија, соопштува „Известија“. Ова барање до шефот на државата го упати членот на фракцијата на „Справедлива Русија“ Андреј Крутов.
Според неговото мислење, овој чекор ќе биде позитивно примен и во Грција, и во Русија. Тој додава дека понатамошната соработка на двете земји би можела да се развива во рамките на ЕАЕС, ШОС и БРИКС.
„Грција е сигурен партнер на РФ, од 2010 до 2013 година трговската размена меѓу земјите порасна за два пати“, се истакнува во барањето.
Покрај тоа, Крутов ги потенцира не само тесните економски врски меѓу Грција и Русија, но и духовното сродство меѓу двете држави, затоа што Грција е една од малкуте православни земји во Европа.
Експертите тврдат дека укинувањето на контрасанкциите против Грција може да ѝ помогне на Русија во реализацијата на енергетските проекти во Европа.
„Тоа би придонело за унапредување на енергетските проекти, особено за изградбата на продолжението на „Турски тек“ на територијата на Грција“, истакнува шефот на катедрата за фондовски пазари и финансиски инженериг на Руската академија на народното стопанство и државна служба Константин Коришченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче