„Постапките од американска страна во сегашната ситуација имаат отворено провокативен карактер и се во спротивност со изјавите на Вашингтон за стремежот кон целосно нуклеарно разоружување“, изјави заменик-министерот за одбрана Анатолиј Антонов.
Претходно американската војска соопшти дека извршила тестирање на нова бомба без боева глава на полигонот Тонопа во Невада.
„Карактеристично за извршеното тестирање е фактот дека во својство на носач на нуклеарното оружје се користи ловецот Ф-15Е. Тоа дава основа за претпоставка дека извршеното тестирање е со цел да се одработи можноста за примена на атомската бомба В61-12 со ловци на НАТО распоредени во Европа“, изјави Анатолиј Антонов.
Тој потенцираше дека постапките на американската војска „ја потврдуваат намерата на САД да ги задржат во Европа распоредените нуклеарни проектили кои се способни да достигнат до руска територија и да ја обезбедат нивната максимална борбена ефикасност“. Според мислењето на министерството, САД ќе ја искористат „измислената закана од руската страна“ за зголемување на воениот потенцијал и зголемување на активностите на НАТО во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче