Медиуми: Компензацијата за Капело ќе изнесува 15 милиони евра

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Русија Фабио Капело ќе добие 15 милиони евра компензација за предвременото раскинување на договорот со РФС, соопштува „Р-Спорт“.

Денеска на официјалниот сајт на РФС се појави информација за прекин на соработката со 69-годишниот Италијанец. 

Кој ќе го замени Капело, засега останува загатка. Како најверојатен наследник на дон Фабио сите го гледаат тренерот на ЦСКА Леонид Слуцки, кој вчера на средбата со навивачите на „црвено-сините“ на следниов начин реагираше на прашањето на еден од нив за можното заминување во  националниот тим: „Никој не ми се обратил по повод репрезентацијата. Така што не гледам смисла да дискутирам за апстрактни нешта. Дали има во мојот договор со ЦСКА точка за дополнителна работа? Не знам, договорот се чува во клубот. Дали сум способен да работам со репрезентацијата? Не знам. Теоретски, би можел да ја тренирам и репрезентацијата на Марс. Ако има некаков предлог, тогаш ќе има и смисла да дискутирам на таа тема. Сега нема“.

Капело застана на чело на репрезентацијата на Русија летото 2012 година и ја однесе на светско првенство, првпат по 12 години. На почетокот на минатата година Италијанецот го продолжи договорот со РФС до крајот на светското првенство 2018 година. Годишната заработка на Фабио Капело според договорот изнесуваше 7 милиони евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња