„Завршен е повеќегодишниот преговарачки маратон и постигнат е договор меѓу „шесторката“ и Иран, со координација на високиот претставник на ЕУ“, изјави Лавров. Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф ги претставја постигнатите резултати пред новинарите и меѓународната заедница.
„Ќе се задржам на најважните предлози“, продолжи тој. „Како прво, договорен е заеднички, сеопфатен план на активности кои го прават основниот документ и пет технички многу конкретни додатоци. Договорена е предлог-резолуција на Советот за безбедност која сите учесници во преговорите како коавтори ќе ја однесат наредните денови во Њујорк за да ја разгледа Советот за безбедност и да ја изгласа. Очекуваме предлогот да биде едносгласно прифатен“.
Според министерот, Меѓународната агенција за нуклеарна енергија доби големи овластувања во однос на проверката на реализацијата на спогодбата. „Руската страна притоа активно ќе учествува во сите етапи на реализацијата на оваа спогодба“, додаде Лавров.
Според неговите зборови, конечниот договор е „во потполна согласност со задачата која беше поставена пред руската надворешна политика, а тоа е: постигнување на признавање на правото на Иран на мирнодопска нуклеарна активност, вклучувајќи го правото на збогатување на ураниум под услов таа дејност да се стави под целосна контрола на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, да се решат сите заостанати прашања и да се укинат санкциите спрема Иран“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче