Црноморската флота ќе обнови Подводни сили во 2016 година

Подводните сили на Црноморската флота ќе бидат обновени во 2016 година, а првите подморници ќе испловат во Црното море веќе кон крајот на 2015 година.

Подводните сили на Црноморската флота ќе бидат обновени во 2016 година, а првите подморници ќе испловат во Црното море веќе кон крајот на 2015 година. Ова го истакна во соопштението за медиумите командантот на ВМФ Русија Виктор Чирков. Главна база на Подводните сили треба  да биде Новоросијск.

Според соопштението, во 2014 година во состав на ВМФ веќе влегоа дизел-електричните подморници „Новоросијск“ и „Ростов-на-Дон“. Во јули се придружи и подморницата „Стари Оскол“. До крајот на 2015 година на ВМФ Русија ќе ѝ биде предадена подморницата „Краснодар“.

„Во активна фаза на изградба се наоѓаат уште две подморници од проектот 636  „Колпино“ и „Велики Новгород“, кои планираме да ги примиме во составот на ВМФ до крајот на 2016 година. Со пристигнувањето на овие подморници во Новоросијск, според редоследот, во 2015-2016 година, ние можеме да констатираме раѓање на подводните сили на Црноморската флота“, соопшти командантот.

Во текот на состанокот со офицерите на главниот воен комитет одговорни за исполнувањето на планот, Чирков истакна дека Црноморската флота ќе има во својот состав единица од подморници од Проектот 636.3 кои поседуваат голем опсег на пловење и современо вооружување.

Програмата за изградба на шест подморници за Црноморската флота од Проектот 636.3 беше најавена летото 2009 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.