Се сруши касарна во Омск, 23 војници загинаа

Во Омск се сруши дел од касарната на наставниот центар на Воздушно-десантните сили и притоа загинаа 23 војници.

Од под рушевините се извлечени сите 42 војници, соопшти претставникот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Претседателот на Русија Владимир Путин им изрази сочувство на семејствата и блиските на војниците што настрадаа во Омск.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога во трикатната касарна на  242 центар за обука на ВДВ во населбата Светли во Омската област дошло до рушење на дел од зградата. Во моментот на несреќата сите војници биле во зградата.

Генерал-мајорот Игор Конашенков истакна дека во текот на реновирањето на зградата не бил менуван основниот изглед на зградата.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го прекина својот одмор за лично да ја надгледува истрагата за несреќата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.