Порошенко: На граница со Украина се наоѓаат рекорден број руски војници

На украинската граница се распоредени рекорден број руски војници, изјави претседателот на Украина Петро Порошенко.

„Оваа информација не се базира само на нашите разузнавачки податоци, туку е потврдена и од НАТО и САД и од земјите на ЕУ“, изјави Порошенко, пренесува „Руска служба новостеј”. Тој не наведе прецизни податоци за руската војска.

Според неговите зборови, во Донбас во моментов се наоѓаат 64 илјади украински војници, а покрај нив има припадници и на Националната гарда, Службата за безбедност на Украина и пограничните единици.

„Подготвени сме да ѝ пружиме достоен отпор на агресијата. Денеска армијата на Украина е една од најдобрите на светот. Како претседател, како врховен командант, јас ќе сторам сѐ за да ја заштитам нашата држава“, изјави тој.

„Барутот во Украина треба да биде сув. Украина треба да ја зголемува ефикасноста на своите вооружени сили”, изјави Порошенко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња