Кремљ поздравува секаков компромис кој би им помогнал на Грција и Брисел „да излезат од клинч“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Истовремено тој повика на претпазливост при оценките за договорот што беше постигнат на самитот на лидерите на земјите од еврозоната на 13 јули во белгискиот главен град, пишува „Лента.ру“.
„Колку што разбравме, таму се врши многу тешка, сложена работа. Многу е сложено да се најде компромис“, потенцираше претставникот на Кремљ.
Песков исто така додаде дека засега не може да се зборува за „некаков готов план“ за помош на Грција, но Москва е подготвена да ја прошири трговско-економската соработка со Атина.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин повеќепати изјави дека грчките власти се немаат обратено за финансиска помош до Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче