Британска банка ја блокираше сметката на претставништвото на МИА „Русија денес“

Поради санкциите, британската банка „Барклис“ ја блокираше сметката на претставништвото на МИА „Русија денес“ во Велика Британија.

„Сметката е блокирана... банката требаше да испрати соодветно известување“, изјави за РИА „Новости“ претставник на банката кој одби официјално да ги наведе причините за замрзнувањето на сметката.

Како што истакнува агенцијата, извор во банкарските кругови објасни дека Министерството за финансии на Велика Британија го ставило на списокот лица кои потпаѓаат под финансиски санкции генералниот директор на „Русија денес“ Дмитриј Кисељов поради што МИА се нашла под финансиски рестрикции.

Официјално известување од банката за блокирањето на сметката и за причините за таквата одлука претставништвото на МИА „Русија денес“ сѐ уште не е пристигнато. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња