„Аерофлот“ меѓу Топ-20 во светот по бројот на патници

Групацијата „Аерофлот» влезе во топ-20 авиопревозници во светот по бројот на превезени патници, заземајќи го 18 место на рејтингот на магазинот Air Transport World (ATW).

Групацијата „Аерофлот» влезе во топ-20 авиопревозници во светот по бројот на превезени патници, заземајќи го 18 место на рејтингот на магазинот Air Transport World (ATW). Ова беше кажано во соопштението за јавноста на авиопревозникот што го пренесува „Лента.ру“.

Според податоците на ATW, групацијата „Аерофлот“ (покрај истоимената авиокомпанија ги вклучува и  авикомпаниите „Русија“, „Победа», „Аврора“, „Донавиа“ и „Оренбуршки авиолинии“), од јануари до април 2015 година реализирала 20,24 милијарди патнички километри. Според резултатите компанијата се искачила за пет места на рејтинг-листата, наоѓајќи се притоа пред „Квантас ервејс“, „Таи ервејс“ и „Ибериа“.

„Аерофлот“ е единствената руска компанија застапена во рејтингот на ATW.

„Високиот резултат во светски рамки според важен производствен показател сведочи за ефективната работа дури и во сложени економски услови кои во многу нешта се определени од надворешни фактори“, се истакнува во соопштението.

„Аерофлот“ е  најголемиот руски превозник со над 1000 точки на сообраќај во 177 земји. Во 2014 година компанијата превезе 23,6 милиони лица, а со останатите фирми-ќерки групацијата превезе  вкупно 34,7 милиони патници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.