Меѓу основните причини се незадоволството од политиката на власта и проблеми со почитувањето на човековите права, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на ВЦИОМ.
85 отсто од испитаниците изјавија дека „пред сѐ“ не би сакале да ја напуштат татковината, уште 2 процента не можеа да одговорат. Бројот на оние што сакаат да заминат во странство, како што истакнаа социолозите, не е променет во споредба со 2011 и 2013 година. Само во 2012 и 2014 година бројот на таквите граѓани изнесувал 11 отсто.
Мнозинството од оние кои сакаат да заминат во странство го објасниле својот став со желбата за зголемување на животниот стандард, платата, пензијата или социјалните примања (40 проценти од оние кои сакаат да ја напуштат Русија). Уште 9 проценти бараат земја со попријатна клима, 7 проценти - „социјална заштитеност“ и „стабилност“, 6 проценти – шанса за напредување во кариерата и бизнисот. Само на 4 отсто од испитаниците категорично не им се допаѓа да живеат во Русија.
Притоа за првпат од 2011 година се појавиле незадоволни од политиката на власта (6 проценти од оние кои сакаат да ја напуштат Русија), од почитувањето на човековите права и законодавството (3 проценти) и нивото на медицината (2 проценти).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче