Пушков остро реагира на критиката на американските медиуми за ставот на Русија околу Сребреница

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков ја коментираше статијата на американскиот магазин „Политико“ во која Русија е обвинета за „негирање на историјата“, поради нејзиниот став во врска со Сребреница.

Претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков ја коментираше статијата на американскиот магазин „Политико“ во која Русија е обвинета за „негирање на историјата“, поради нејзиниот став во врска со Сребреница, пренесува „Взгљад“.

„Магазинот „Политико“ нѐ нападна поради ветото за Сребреница, пишувајќи дека „негирањето на злосторствата од минатото ѝ прејде на Русија во навика“. О, навистина? И тоа го пишуваат во земјата која фрли атомски бомби врз Јапонија и уби стотици илјади луѓе во Виетнам и Ирак и за ништо не се покаја?! Подло!“, напиша Пушков на својот Твитер-профил.  

Новинарката Тереза Бонд во својата статија за ова американско издание напиша дека ветото што Москва го стави на предлог-резолуцијата на ОН за масовните убиства во Сребреница е израз на „културата на лага и негирање на историјата“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња