Американската Агенција за национална безбедност (НСА) продолжила да ги следи активностите на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и по неговата оставка на местото канцелар на Германија во 2005 година, пишува „Билт ам Зонтаг“ повикувајќи се на тајните служби на САД.
Како што наведува германското издание, НСА продолжила да го прислушкува Шредер, затоа што тој се нашол на чело на одборот на акционери на „Северен тек“, магистралниот гасовод за испорака на гас во Европа.
Покрај тоа, поранешниот германски канцелар одржувал контакт со рускиот претседател Владимир Путин, нешто што, исто така, предизвикало интерес кај американските тајни служби.
Претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин на 3 јули изјави дека „САД не само што го прислушкуваат целиот свет и ја читаат кореспонденцијата на стотици милиони луѓе и правни лица ширум светот, туку и ги туркаат земјите од ЕУ во самоизолација, овојпат под изговор за заштита од таканаречената пропаганда.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче