„Владимир Путин тежнее да го ослабне единствениот европски фронт среде злонамерните санкции против Русија. И разочараната Грција ќе му даде на Путин идеална прилика да продре низ растечките политички пукнатини и недостатоци кои се иницирани од разговорите за излегувањето на земјата од еврозоната, пишуваат авторите на статијата.
Тие потсетуваат дека Русија веќе претходно го започна зближувањето со Грција со започнување на заеднички енергетски проекти. Според нивното мислење, билатералните договори од ваков тип претставуваат кршење на „трансатлантската солидарност“.
„Владимир Путин и самиот зборуваше за можна помош за Грците во случај на адекватно барање од нивна страна. Подлабоки економски врски меѓу Русија и Грција можат сериозно да ги загрозат обидите на Западот да делува како обединет фронт против Москва“, пишува американското издание.
Авторите исто така сметаат дека НАТО се плаши од излегувањето на Грција од еврозоната, затоа што „паричникот на НАТО кој и без тоа е тенок, ќе стане уште пoтенок“. Освен тоа, Грците можат да не ѝ дозволат на Алијансата да носи одлуки, и меѓу другото да реагира на таканаречената руска агресија. „Кризата во Грција ја сруши вербата на трансатлантската заедница во сопствената сила, а тоа може да доведе до најтешки последици по НАТО“, заклучуваат авторите на статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче