Одбранбената индустија и истражувачките институти врз база на повеќегодишните испитувања на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов” создадоа концептен проект за носач на авиони 23000E, „кој поседува континуитет со претходните модели, оригиналност, како и очигледните руски особини”, од кои се издвојуваат четирите најважни.
Како прво, тоа е неговата функција на поморски „аеродром“, како второ – неговата безбедност за полетувањето на авионите: максималната ширина на полетната палуба надминува 80 метри.
Трета карактеристика е унапредениот дизајн на авион кој овозможува отпорот на водата да се намали за 20%, што ќе придонесе за брзината на бродот. Притоа е намалена потрошувачката на гориво, а зголемено е нивото на автономија и неговата способност за маневрирање.
Четвртата карактеристика е присуството на авиони со радари со голем опсег.
Воената морнарица на РФ соопшти дека првиот модерен носач на авиони ќе биде изграен до 2026-2027 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче