Путин: Рускиот систем на платежни картички во целост ќе профункционира оваа година

Русија во 2015 година треба во целосен обем да го активира својот систем на платежни картички.

Русија во 2015 година треба во целосен обем да го активира својот систем на платежни картички, изјави во петокот, 10 јули, претседателот на Русија Владимир Путин.

„Што се однесува до финансиските инструменти, потребно е оваа година во целосен обем да ја активираме својата платежна картичка и да направиме таа да биде достапна за сите граѓани. Треба да го развиваме овој систем не само на територијата на Руската Федерација, туку и во странство, онака како тоа постепено го прават други земји, на пример, Кина и Јапонија“, изјави рускиот претседател.

Путин потсети дека „Виза“ и „Мастер Кард“ пружаат услуги за 97% клиенти во Русија. Тој истакна дека тоа не е нормална ситуација.

„Но ние им го дозволивме тоа на нашите партнери, поаѓајќи од тоа дека економијата, како што велат, е надвор од политиката. Излезе дека не е, дека таа се наоѓа внатре во политиката, па и повеќе од тоа, дека таа се користи како инструмент за политичка борба. Затоа треба да извлечеме заклучоци“, додаде шефот на руската држава.

Според Националниот систем за платежни картички, првата руска национална картичка ќе се вика „Мир”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.