Путин: Европската комисија требаше да ја коригира економската активност на Грција пред кризата

„Грција не може да го девалвира еврото, тоа е невозможно, таа нема инструмент“, истакна претседателот на РФ.

Европската комисија требаше да ја коригира економската активност на Грција пред кризата, изјави на прес-конференцијата по завршувањето на самитите на БРИКС и ШОС претседателот на РФ Владимир Путин.

„Целата вина може да им се префрли на Грците. Но, ако имало нарушување, каде беше Европската комисија? Зошто таа не правела корекции во економската активност на претходната влада на Грција? Зошто давале такви бонуси и кредити?.  

Зошто дозволувале да се држи толку низок профил на даноците? Зошто имало толку големи субвенции за островите? Каде бевте претходно? Овде има за многу да се разговара, грчката влада има за што да полемизира“, рече Путин.

Освен тоа, според Путин, кога една моќна валута е во оптек во земји со различен степен на економија, тогаш секоја одделна земја ја губи можноста да ги регулира финансиите и својата економска состојба преку валутните механизми.

„Грција не може да го девалвира еврото, тоа е невозможно.Таа е лишена од таков инструмет“, потенцираше претседателот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња